2,3 милијарди возрасни луѓе и деца страдаат од дебелина, додека повеќе од 150 милиони дечиња заостануваат во растот!

loading...

Скоро 2,3 милијарди возрасни луѓе и деца страдаат од дебелина, додека повеќе од 150 милиони дечиња заостануваат во растот, покажува најново истражување објавено во Lancet.

Според податоците од истражувањето, на овој проблеми влијае и глобалниот пристап до екстремно преработени намирници, како и склоноста на луѓето се поретко да се занимаваат со некој облик на физичка активност.

Авторите на студијата повикуваа на промени во модерниот систем на исхрана и наведуваат дека со дебелина се погодени најмногу жителите на Супсахарска Африка и Азија.

Околу 20 проценти од луѓето на планетата страдаат од прекумерна тежина, а 30 проценти од децата помали од 4 години не се развиваат правилно.

Исто така, 20 проценти од жените се преслаби.

Со овие проблеми во 90-тите години од минатиот век се соочувале 45 од 123 држави во светот, а во 2010 година 48 од 126.

Научниците сметаат дека на решавање на проблемот треба да се ангажираат владите, ОН и стручната јавност.

Начинот на кој луѓето се хранат, пијат и движат постојано се менува. Сè поголемиот број супермаркети, полесната достапност до недоволно хранливи намирници и намалената физичка активност резултираат со зголемување на тежината кај повеќето луѓе.

Консумирањето на екстремно преработената храна во текот на раното детство се поврзува со застој во развојот.

Translate »