Како моментално до мазна и блескава кожа, со здрав изглед!
Кога се подготвувате за хаотичен ден, дали некогаш сте посакале моментално да ги коригирате брчките, и да имате измазнета кожа на лицето?
А ако сте една од оние модерни, зафатени жени што сакаат брзо и делотворно решение за коригирање на брчките, кое ќе ви овозможи поголема самодоверба, и добар почеток на работниот ден тогаш Eucerin®Hyaluron-Filler Ултралесниот хидратантен гел може да биде решение!
Интензивно ја хидрира кожата, а се апсорбира целосно и брзо. Ултралесната гел формула ѝ дава на кожата свежина и долготрајна хидратација. Содржи само 11 состојки, меѓу коишто е и хијалуронската киселина во 3 пати повисока концентрација. Формулата ја помага хидратацијата и ја пополнува кожата одвнатре, со што ги намалува и фините линии. Хијалуронската киселина е докажано ефикасна состојка и долго време се користи во дермокозметиката. Taa природно се создава во кожата, а овозможува одржување на нивото на влагата, привлекување и задржување на вода.
Eucerin®Hyaluron-Filler Ултралесниот хидратантен гел е погоден за секојдневна употреба за секој тип на кожа, вклучително и за чувствителна кожа. Се нанесува лесно, брзо се апсорбира и дава чувство за свежина, без да ја замастува кожата. Провидната формула е збогатена со активни состојки коишто ја хидрираат жедната кожа во следните 24 часа, а лесниот освежувачки мирис го дополнува освежувачкиот ефект.
„Тајната на ефикасноста на гел-бустерот се крие во комбинацијата од висококонцентрирана средно и кратковерижна хијалуронска киселина“, изјави Ан-Мари ван Геловен, постар медицински менаџер на Eucerin®. “Средноверижната хијалуронска киселина останува на површината на кожата и таму привлекува и задржува вода. Кратковерижната хијалуронска киселина продира подлабоко во епидермисот и ефикасно ја исполнува кожата одвнатре, што води до намалување на првите знаци на стареење“, вели овој експерт по дермокозметика.