МЗ: 78 отсто од новите случаи и 80 отсто од хоспитализираните со ковид-19 се невакцинирани

Анализата на Институтот за јавно здравје покажува дека 22 проценти од лицата кои во периодот од 6 август до 23 септември годинава биле позитивни на коронавирусот биле целосно вакцинирани лица, со сите вакцини кои се кај нас и со „Модерна“ и „Џонсон“

Од починатите како последица на ковид, 14 отсто биле вакцинирани, но со хронични болести

Дваесет и два проценти од лицата кои во периодот од месец и половина, од 6 август до 23 септември годинава биле позитивни на коронавирусот биле целосно вакцинирани лица, покажува анализата на Институтот за јавно здравје, што ја објави Министерството за здравство.

И во бројки, од вкупно 32 818 граѓанин кои биле позитивни, 7 248 лица биле вакцинирани.

Тоа значи дека најголем број од заразените биле невакцинирани граѓани. Односно, според статистиката, се работи за 25 570 лица, или 78% граѓани.

Тука некаде е и процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани, 80%, додека 20% од оние кои моментално се на болничко лекување од ковид се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е исто така поголема кај невакцинираните. Во период од 6.08 до 23.09.2021 на територија на државата починале 1 033 лица со ковид -19, оод кои 888 не биле вакцинирани, а 14% примиле вакцина.

Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања, а биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на „Модерна“ и „Џонсон“.

За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Translate »