ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Македонија ќе има една пратеничка група,

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Македонија ќе има една пратеничка група, наместо досегашните десет. Ова, како што јавуваат медиумите во Скопје, било решено на синоќешната седница на Извршниот комитет на партијата. На состанокот била донесена и одлука нов координатор на пратеничката група да биде пратеникот Никола Мицевски од Штип. Тој доаѓа на местото на Драган Данев, кој се повлече на свое барање по последните случувања во партијата. За формирањето на единствена пратеничка група, според собранискиот Деловник, ВМРО-ДПМНЕ треба да го извести претседателот на Собранието Талат Џафери.

 

Translate »