Бујар Османи прв патник на летот Атина-Скопје

loading...

По повеќе од една деценија,  Македонија и Грција , денеска , го обновуваат директниот лет на релација Скопје – Атина.

Прв патник на возобновената линија  ќе биде вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.  Него на аеродромот во Атина ќе го пречека неговиот грчки колега, алтернативниот министер за надворешни работи,  Јоргос Катругалос, со кого ќе има средба посветена на унапредувањето на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Инаку, летовите на оваа релација ќе се  одвиваат двапати неделно.

Translate »