Познатата слика на Да Винчи ја крие тајната за крајот на светот: На “Тајната вечера” е вешто сокриен датумот на најголемата катаклизма

Леонардо да Винчи наводно открил дека крајот на светот ќе се случи во 4006 година и за тоа оставил тајна порака во едно од своите најголеми дела.

Уметникот од 16-тиот век се смета за најголем интелектуалец на сите времиња, а често се нарекува и “гениј” поради своите дела. Неговото најпознато дело, “Мона Лиза”, го држи Гинисовиот рекорд за највисока вредност на осигурување од над 700 милиони фунти. 

Меѓутоа, “Тајната вечера” е речиси подеднакво позната во светот како најрепродуцирана религиозна уметничка слика. Уметничкото дело ја претставува последната вечера на Исус Христос со апостолите, како што е опишана во Евангелието според Јован 13:21.

Да Винчи претставил како се чувствувале апостолите кога Исус соопштил дека еден од нив ќе го издаде. Меѓутоа, во делото е можеби скриена и тајната порака за крајот на светот, открива серијата “Top 10 Mysteries and Secrets”.

“Тој многу се потрудил да го истакне бројот три”, се наведува во документарецот од 2017 година. “Постојат три прозорци и три групи на апостоли. Дали едноставно сакал да го истакне верувањето во Светото Тројство или сликата крие нешто повеќе?”, се прашуваат авторите.

Тие шпекулации не престануваат бидејќи се смета дека броевите кријат мрачно пророштво за крајот на светот. Според зборовите на Сабрина Сфорца Галиција, истражувач од Ватикан, Да Винчи предвидел глобална поплава која ќе се случи на 21-ви март 4006 година и која како што тврди таа, ќе ја уништи човечката раса.

“Постои кодот на Да Винчи, но не е само оној кој го популаризираше Ден Браун”, вели Галиција. Таа ја анализирала таписеријата на “Тајната вечера” направена за кралот Луј 13-ти, која е заснована на сликата на Да Винчи.

Сабрина Сфорца Галиција работела на продолжението да го објасни “кодот на Да Винчи” кој ги вклучува знаците од Зодијакот и неговата употреба 24-те букви од латинското писмо да ги претставуваат 24-те часа во денот. Таа тврди дека Леонардо го предвидел крајот на светот во “универзална поплава” која ќе започне на 21-ви март 4006 година, а ќе заврши на први ноември истата година.

Translate »