Загинаа 58 лица на крвавите протести во Израел, додека Иванка Трамп свечено ја отвораше амбасадата

   Бројот на убиени учесници на протестот на граничната ограда меѓу Појасот Газа и Израел, што се одржа за време на отворањето на Амбасада на САД во Ерусалим, се искачи на 58, додека 2.700 луѓе се повредени, соопшти палестинското Министерството за здравство. Сето тоа се случуваше додека Иванка Трамп вчера свечено ја отвораше амбасадата.

На учесниците на протестот рани им биле нанесени со боева муниција, солзавец и други средства.

Со овој број жртви, понеделникот е најкрвавиот ден за Палестинците од почетокот на судирите во Појасот Газа во 2014 година, меѓу палестинското движење Хамас и Израел.

САД вчера официјално ја отворија амбасадата во Ерусалим, која беше преместена од Тел Авив.

Израелската војска тој ден фрлаше летоци, со кои порача
дека „ќе реагира на секој обид за оштетување на безбедносната ограда или обид да се повреди кој било војник на израелските одбранбени сили (ИДФ) или на израелските цивили“.

Повеќето учесници на протестот се потомци на бегалци или бегалци кои се протерани во Појасот Газа во текот на војната на Блискиот Исток 1948 година, по формирањето на Израел како држава.

Translate »