Познатиот Мистер Бин во телото на убавицата Шарлиз Терон: Вирална кампања која го насмеа светот

Главата на Мистер Бин во телото на Шарлиз Терон … изгледа невозможно, но погледнете го ова видео

Кристијан Диор сними спектакуларна реклама за парфемот „J’adoir Absolu“, со Шарлиз Терон во главната улога, а на интернет се појави пародија која набрзо стана вирална.

Во видеото кое кружи на интернет, препознатливото лице на актерот Роан Аткинсон (64), кој инаку го толкува ликот на легендарниот Мистер Бин, е во телото на 44-годишната Шарлиз Терон и ја имитира актерката во нејзините движења …

Каналот на YouTube “Crookedpixel“ прикажува реклами и изменети видеа, каде познатите актери или пејачи го заменуваат ликот со друга славна личност, а на овај начин е направено и ова видео, кое го прегледале над 770.000 луѓе.

– Прекрасно е, но тажен сум што сајтот “Crookedpixel“ не го замени и нејзиниот глас со неговото чудно мумлање на крајот на рекламата – беше еден од коментарите.

Погледнете како изгледа кога ќе се спојат убавата Шарлиз и одличниот Мистер Бин:

Translate »