Болница во Монтреал правела експерименти на луѓе по налог на ЦИА, луѓето биле третирани како заморчиња
Болницата во Монтреал, Канада во 50-тите и 60-тите години психијатриските пациенти ги подложувала на електрошокови, лекови за спиење и големи дози на ЛСД. Нивните семејства и денес е борат со последиците од тие методи.
Велма Орликов во 1956. година се пријавила на психијатрија во Монтреал поради депресија, каде три години повремено била примана и отпуштана. Нејзината состојба само се влошувала, а сите забележале големи промени ви однесувањето на Велма.
Минале повеќе од 2 децении пред нејзиното семејство да добие објаснување и било многу почудно од тоа што очекувале. Како што било откриено во 1977. година, ЦИА финансирала експерименти со перење на мозокот на институтот во Монтреал, во рамките на проектот “MK Ultra” на територија на Северна Америка.
Во тоа време американската разузнавачка служба забрзано работела на разбирање на мозоците, откако неколку Американци кои биле заробени во текот на Корејската војна, почнале јавно да го фалат комунизмот и да ги осудуваат САД.
“Речиси е невозможно да се поверува. Некои од експериментите кои ги спроведувал над пациентите се толку ужасни и неверојатни, што звучат како кошмари”, рекла нејзината внука Сара Ен Џонсон.
Пациентите биле подложени на високонапонски електрошокови неколку пати дневно, успивани биле со лекови, а им бил вбризгуван и ЛСД во големи дози. Откако ги сведувал на ниво на деца, Камерон ги бомбардирал со пораки и 16 часа без престан.
“Имаше краток фитиљ. Ако некој ја нападнеше, или во ресторан нешто не и одговараше, едноставно ќе експлодираше. Никогаш не повредуваше никој, но врескаше со часови”, рекла Џонсон.
Слични сцени се одиграле ширум Канада кога поранешни пациенти од институтот се обиделе да се вратат на своите животи, пишува “Guardian”. Мајката на Алисон Стил, која е примена на институтот во 1957. година, два пати била успивана, еднаш на 18 дена, а еднаш на 29.
“Велат дека тоа било мачење. Тоа што се обиделе да го направат е да им ги избришат емоциите. Да ги одвојат од своите души”, рекла Стил.
Канадската влада во 1992. година понудила компензација до 100.000 канадски долари за 77 поранешни пациенти во институтот кои биле сведени на состојба на дете. Стотина други не добиле оштета.
Алисон Стил во 2015. година поднела тужба против владата и минатата година се договорила за 100.000 канадски долари, во замена за потпишување на договор за необјавување. Договорот е само еден од неколкуте кои се направени во последните години.
Орликова и осум други пациенти во 1980. година ја тужеле ЦИА. Барале по милион долари оштета, но по договорот во 1988. година добиле по околу 80.000.