Венчаницата на Меган Маркл ќе чини 100 000 фунти, а до олтарот ќе ја испрати нејзиниот татко

Меган Маркл ќе носи венчаница од модното дуо Ралф и Русо, во вредност од околу 100.000 фунти објави ,, Дејли Мејл,,.

Трошоците за венчаницата ќе ги подмири кралското семејство, а венчаницата ќе била украсена со бројни украсни камчиња и монистра.

претпоставка за тоа како ќе изгледа венчалниот фустан на Меган

Хари одбива да дознае било каква информација за тоа како Меган ќе изгледа на 19-ти мај, за кога е и закажана венчавката.

„Тој е многу возбуден околу сè поврзано за тој ден и сака традиционално да им пристапи на работите“, вели неименуван извор за „Дејли мејл“.

Во текстот се вели дека Меган ќе има уште еден фустан, полежерен, кој ќе го носи на забавата после црквената церемонија.

Инаку, за големиот ден, не само на Меган и Хари, туку и цела Британија, познато е дека невестата нема да има деверици, туку таа „улога“ ќе им припадне на сите деца, вклучувајќи ги и принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Војвотката од Кембриџ, Кејт, ќе присуствува на свадбата, но без новородениот принц Луис. Родителите на Меган ќе ја запознаат кралицата, Чарлс и Камила непосредно пред венчавката, а до олтарот сепак ќе ја испрати нејзиниот татко.

Меган со таткото Томас Маркл

Меган со мајката Дориа

На венчавката ќе присуствуваат и братот и сестрите на Дајана, а Џејн ќе одржи и говор посветен на омилената британска принцеза.

Сè уште не е сигурно дали принцот Филип (96) ќе присуствува, бидејќи сè уште се опоравува од операцијата на колк што ја имаше неодамна.

Двојката ќе го одложи медениот месец за летниот период.

На свадбата ќе присуствуваат 600 гости.

Дали оваа ексклузивна информација на „Дејли мејл“ ќе се покаже како вистинита, ќе видиме за две недели кога ќе се случи големата кралска венчавка.

Братот на Маркл напишал писмо до принцот Хари, бара тој да ја откаже венчавката

 

Translate »