Каде е и што прави “малиот Малик” од филмот “Татко на службен пат”
Се сеќавате ли на репликата “Малик, Малик на говно си ми налик” од култниот југословенски филм “Татко на службен пат”? Филмот на Кустурица е снимен во 1985-тата година, а во него играат познати актерски имиња како Мира Фурлан и Мики Манојловиќ, но и Марино Дебартоли. Тој го глумеше малиот Малик, синот на главниот лик кој беше одведен на Голи оток. Тогаш на Дебартоли му прогнозираа блескава актерска кариера по успешната улога во филмот,но тој заплови во сосема други води и стана еден од надобрите готвачи во БИХ.
Во 1999 Дебартоли заврши академија за готвачи во Израел, а потоа се усоврши на позната академија “Кордон блу” во Лондон. Има 42 години, оженет е со Русинка и има две деца. Готвел за Бред Пит и Анџелина Џоли додека престојувале во Сараево.