Производите кои содржат хијалуронска киселина и витамин Ц помагаат во осветлување на кожата, намалување на брчките и изедначување на тенот!

loading...

Фини линии, брчки, акни на зрела кожа, старечки пеги и подочници се некои од најчестите појави кои бараат посебен третман кога станува збор за нега на кожата кај жена постара од 40 години. За да знаеме кои производи се најефикасни во третманот на овие појави, да ги послушаме советите на дерматолозите.

СТАРЕЕЊЕТО НУЖНО НОСИ ПРОМЕНИ. Ако на феноменот стареење гледате од правилна перспектива, влегувањето во петтата деценија од животот може да биде многу возбудлив период. Размислете за тоа: со целото свое искуство и мудрост кое сте го стекнале, влегувате во нова декада полна со разни можности!

Иако се повеќе жени добро го прифаќаат стареењето, бидејќи стигмата поврзана за ова доба денес за среќа е доста застарена, па одредени физички промени неспорно се случуваат при влезот во четириесеттите. Една од тие промени е и изгледот и состојбата на вашата кожа.

ТЕЛОТО произведува помалку КОЛАГЕН, ЕЛАСТИН И ХИЈАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА
Како старееме, така телото се помалку произведува колаген, еластин и хијалуронска киселина. Тие се сметаат за основна градба на сврзното ткиво на кожата кое дава потпора, објаснуваат дерматолозите.

Еластичноста на кожата се намалува, а образите, лицето и вратот започнуваат да покажуваат знаци на млитавост. Исто така, ако сте го занемариле користењето на креми за сончање во текот на животот, ефектите од оштетувањето на сонцето во овој животен период започнуваат да стануваат видливи.

Опуштеноста на кожата, лошата текстура, како и промената на бојата на кожата се само некои од потполно природните промени во врска со тенот, а кои им “задаваат потешкотии” на лицата постари од 40. Во продолжение дознајте повеќе за тоа кои производи ги препорачуваат дерматолозите и каква нега треба да и пружите на вашата кожа за да не добиете брчки и да ја сочувате вашата природна убавина.

Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер. Серумот комбинира три активни состојки коишто заедно ја зајакнуваат кожата и ги пополнуваат брчките. Пред првото нанесување, активираниот витамин Ц се меша со лихохалкон А за да се добие антиоксиданс со засилено дејство на кожата, а хијалуронската киселина ги пополнува брчките одвнатре. Иновативната опаковка ослободува витамин Ц во активна форма во моментот на користење. При секојдневна употреба кожата изгледа мазна, сјајна и освежена после само 7 дена, а со понатамошна употреба нејзината состојбата и дополнително се подобрува.

Антиоксидантите како што е витаминот Ц, како и супстанциите кои имаат способност да ја чуваат кожата хидрирана, како хијалуронската киселина, ефикасно ја обновуваат кожата на клеточно ниво.

Ако сакате можете да ги испробате производите кои содржат хијалуронска киселина (серуми за лице) кои можат да ја засилат хидратацијата и да ја намалат видливоста на фините линии, како и ноќните креми кои на вашата кожа ќе и овозможат интензивна хидратација во текот на спиењето. Препаратите кои содржат хијалуронска киселина и витамин Ц помагаат во осветлување на кожата, намалување на брчките и изедначување на тенот.

ЗОШТО АНТИОКСИДАНТИТЕ, ВКЛУЧИТЕЛНО РЕТИНОЛОТ, СЕ ТОЛКУ ВАЖНИ ЗА КОЖАТА? Антиоксидантите во кои покрај витамин Ц, спаѓаат и витамин А и Е, се главен фактор во режимот на негата после 40-тите години.

Исто така, играат важна улога во заштитата на нашата кожа од ефектот на загадениот воздух и го успоруваат нејзиното стареење. За антиоксидантите размислувајте како за суперхрана за нега на кожата: тие ги блокираат слободните радикали и оксидацијата, а тоа се двата главни фактори одговорни за стареењето.

Translate »