Неверојатни сцени од Австрија: Вака камионите го чистат 4-метарскиот снег!
Британецот Ентони Гибонс, како и многу други туристи, со семејството отпатувал во Австрија на одмор, не надевајќи се дека таму ќе се соочи со голем проблем поради снегот и лавината.
После неколкудневен престој во Ишгл, се обиделе да го напуштат скијалиштето, но тоа станало невозможна мисија.
Паднало снег до 4 метри и немало проодни патишта. Два часа чекале работниците да го исчистат снегот, кога Гибонс го снимил ова неверојатно видео.
Камионот поминувал низ снегот како низ тунел и така го чистел патот. Само на тој начин можеле да ги одблокираат патиштата за возилата.
Поради снегот кој непрестајно паѓал околу две недели, на некои места била прогласена вонредна состојба. Во поединечни краеви во Австрија паднало дури седум метри снег.