ЗАЕВ: МЕТЛАТА ЌЕ ЗАМЕТЕ КАЈ ВЛАСТА, НО И КАЈ ОПОЗИЦИЈАТА, НЕ ЧЕКААТ ПРЕСЕРИОЗНИ ПРОЦЕСИ
Премиерот Зоран Заев на изборна трибина во Куманово порача дека „метлата“ што претходно ја најави за функционерите кои не покажале резултати „ќе замете и кај власта и кај опозицијата“.
-Ред е и чесно е да се признае грешка. Не сме сјајни, ама сме отворени, чесни сме и транспаретни. Кога ќе не искритикуваат знаеме да се повлечеме и да прифатиме критика. На времето тоа не беше можно, рече премиерот и додаде дека целта со „метлата“ е секој функционер, кој нема доволно трпение, кој се покажал дека не може да ги менаџира граѓаните, да се смени. Треба, истакна, сите да знаат дека секој оној кој не можел да ги слушне граѓаните,кој не си ја завршил својата работа и не испорачал резултати ќе го сменам. Оти ако не го направам тоа, ќе ме смени мене народот. И тоа е редот, но притоа никој на патот не го фрламе, никој нема да го оставам без леб.
Тој потенцира дека истовремено како што се однесува таа метла за власта, од СДСМ и сите други, метлата ќе фати и на друга страна оти, посочи, Заев вети дека нема да ја брка јавната администрација, и не ја бркаме. – Договори каде завршија беа прекинати. Државната администрација 11 години беше полнета од ВМРО-ДПМНЕ. Не им фалеше влакно од главата. И сега Заев е добар, Заев е кроток, Заев е мирен, ама Заев со научен занает со метлата можам да им кажам дека ќе изметеме се и ќе сјае во Македонија. Ние сме добри луѓе, но не сме глупави и наивни. Почнаа списоци да прават како од времето на режимот, рече Заев.
Тој истакна дека воделе политии со кои се воделе од тоа никој да не губи работно место за да се вработи друг бидејќи нема среќа на туѓа несреќа, но оти од друга страна имало кочење на процесите во држвата и опструкции на секој чекор.
– Треба да знаат дека нашата добрина ќе застане и оти секој мора да си ја завршува својата работа.Така што, метлата ќе замете тука кај власта, ама ќе замете и кај опозицијата затоа што пресериозни процеси се пред нас и ќе ги истераме, потенцира Заев.
Посочи дека очекува Антикорупциската комисија, која излезе минатата недела со укажувања за претставници на власта, оваа недела да излезе и за опозицијата, бидејќи, како што рече, тие беа пример за непотизам.