Пет работи кои Игор Ангеловски, никогаш не би ги направил
Селекторот Игор Ангеловски внесе многу позитивна енергија во А фудбалската репрезентација на Македонија. Промовира нов напаѓачки концепт, поттикна храброст и самодоверба за спротивставување и на фудбалските велесили. Конечно не врати пред малите екрани,правејќи со нетрпение да го чекаме секој следен натпревар на А репрезентацијата. Внесе слога, тимски дух, пожртвуваност и синергија меѓу играчите. Токму овие работи ја поттикна редакцијата на Радар.мк, да го контактира и со него да направи, еден неформален прилог.
Кои се 5-те работи кои Игор Ангеловски, никогаш не би ги направил:
-Никогаш не би префрлил вина на некој друг, за нешто за кое јас сум погрешил
-Не би се откажал од офанзивен напаѓачки фудбал, бидејќи сметам дека фудбал не се игра само за резултат, туку пред се за себе, а и за публика
-Не би форсирал никого да направи нешто против негова воља. Верувам дека луѓето треба да ги насочуваш, охрабруваш, поттикнуваш, да бидеш добар пример, но истовремено треба да се почитува и нивната слобода.
-На добро не би вратил со зло(барем не свесно)!
-Никогаш нема да се откажам од моите соништа. Македонија во фудбал да ја победи една Англија, Германија, да игра на големо светско натпреварување.