Маж и жена од Улцињ убиени во Еквадор
Фадиљ Качаниќ (64) и неговатат сопруга Фатима , пред три дена, брутално се ликвидирани во Еквадор.
Низните безживотни тела се најдени 22 километри од куќата во која живееле.
Фотографиите од местото на ликвидацијата упатуваат на тоа дека се работи за професионално убиоство. Локалните медиуми пренесуваат дека се трага по двајца мажи кои лажно се претставиле како полицајци.
Снимки од надзорната камера ги потврдуваат тие информации. Лажните полицајци пристигнале на местото на злосторството со автомобил со албански регистерски таблички. Не е познато дали брачната двојка била убиена во нивниот дом или на местото каде се пронајдени телата.
Мажот бил убиен со три куршуми од пиштол, а жената со тап предмет.
Црногорските медиуми пишуваат дека Качаниќ ќе биде погребан во Улцињ.