Кирјаков: Нам живите Македонци во Бугарија не ни даваат да се кажеме така, не па на мртвите

Македонскиот активист од Бугарија, Атанас Кирјаков, му реплицира на бугарскиот пратеник Тома Биков, според кој „крајно време и во Македонија да му дадат можност на самиот Гоце Делчев да се самоопредели, а не некој да го определува спротивно на неговите зборови“.

„Вие, господине Тома Биков, вие бугарската држава денес на нас ЖИВИТЕ Македонци во Пиринскиот дел на Македонија и на Македонците во Бугарија не ни дозволувате и не ни давате право да се самоопределиме како МАКЕДОНЦИ, па што останува за мртвите да се самоопределуваат“, реагира Кирјаков под објавата на Фејсбук-профилот на expres.mk за интервјуто на Биков за бугарската агенција Фокус.

Кирјаков е еден од основачите на Обединетата македонска организација „Пирин“, а на локалните избори минатата есен беше кандидат за градоначалник на Благоевград, каде што живее.

Translate »