Дац и Митевски направија карантинска верзија и на легендарнта „Во светот на бајките“

Периодов слушнавме многу нови верзии на познати песни, на многу онлајн изведби и соработки. Вчеравечер излезе уште една преработка на песна која речиси и да нема човек кој не ја знае.

Станува збор за ‘карантинска верзија‘ на легендарната песна „Во светот на бајките“, од истоимената серија. 

Александар Митервски и Драган Спасов Дац ги поканија членовите на гратскиот хор „Гласот на децата на Скопје“ да ја отпеат оваа песна заедно со нив, која инаку е дело на Славе Димитров и Васил Пујовски.

На почетокот на видеото, Дац ѝ се обраќа на публиката, каде вели дека не ги забораваат ниту децата, па оваа песна им ја посветуваат токму ним.

„Раширете ја љубовта насекаде и споделете. Пејте со нас. Од срце за децата“, стои во описот под објавата.

Објавата за помалку од 24 часа собра речиси 50.000 прегледи и има околу 500 споделувања

„Ме вративте години наназад во животот. Во времето на безгрижноста, во времето кога се беше волшебно, магично… Дац и Александар, ви благодарам за се што правите во ова време-невреме за сите нас“, „Вие сте токму како овие деца што мечтаат и сонуваат и благодарение на Вас и ние успеваме барем на момент да ја окусиме магијата на светот на бајките. Големо благодарам“, се дел од коментарите под видеото. 

Инаку, тие најавија дека вечерва во 20 часот ќе објават нова преработка, која фановите едвај дочекаа да ја слушнат. Може само да потврдиме дека навистина се неверојатни и неуморни.

Слушнете ја и „Виолина и гитара“ во нивна изведба. 

Translate »