Гејтс за периодот по Ковид-19: „Само две работи ги разликуваат врвните лидери од сите останати“
Бил Гејтс изјавил дека ‘добрите лидери секој ден прават компромиси и преземаат одговорност од која многумина бегаат, особено во време на ваква голема криза’.
Додека полека се подготвуваме за периодот по короната, и го враќаме животот во нормала, компаниите се во потрага по одлучни лидери кои што знаат како да се справат после кризата и имаат цврст став.
Меѓутоа, факт е дека никој не знае точно како ќе се одвиваат работите во наредните месеци. Сепак, постојат и онакви луѓе на кои светот веќе подолго време се угледува и чии совети слепо ги слушаат. Меѓу нив е и основачот на „Microsoft“ – Бил Гејтс.
Бил Гејтс неодамна истакнал две одлики кои што се карактеристики на еден вистински лидер, a првата е способност да се справи со неповолни околности, ваква со која што денес се соочуваме.
На прво место, како што вели Гејтс, врвните лидери не ги негираат лошите вести и не го менуваат нивниот правец.
Токму за тоа тој зборува и во неговата книга која што ја напишал пред 20 години, многу порано пред да се соочиме со ‘невидливиот непријател’.
Гејтс објаснува дека способноста на една компанија да одговори на непланирани настани е цврст показател на нејзината натпреварувачка предност на пазарот.
Тој ги повикал лидерите да направат нешто ‘невообичаено’ – да внимаваат на лошите вести и да ги охрабрат луѓето да бидат подготвени да одговорат на истите.
Втората работа за која Гејтс цели дека е главна, е дека врвните лидери треба да ги мотивираат другите луѓе и да ги зајакнуваат нивните капацитети.