Кога денот бара посебна енергија – FRANZ, во центарот на Скопје

Колку е добро чувството кога ќе седнеш некаде на кафе, а музиката, атмосферата и храната само ти потврдуваат дека припаѓаш токму таму? Ако го бараш тоа чувство, ќе го најдеш во FRANZ кафе бар во Скопје, новата урбана енергија на градот.

Уште кога првпат ќе влезеш во FRANZ кафе бар, ќе забележиш дека ниту еден детал не е случаен. Од внимателно одбраниот, симпатичен и урбан ентериер кој изгледа како да е излезен директно од Pinterest мудборд, до пригушените светла кои прават целиот локал да изгледа магично во секој дел од денот, придружени со курирана музичка плејлиста со твоите омилени звуци и со нова музика која ќе ти открие нови светови.  

Сместен во едно од најкултните места во центарот на градот – на Плочник, Franz влева нова доза на живот во овој дел од Скопје и повторно го активира просторот на кој одамна му требаше „размрдување“. Ова урбано катче е во самото јадро на сите скопски муабети, настан и случки, додека истовремено е суптилно скриено помеѓу зградите и настрана од градската џунгла.

FRANZ е место каде одиш на прв дејт, но и место каде со задоволство ја славиш годишнината со личноста што ја запозна токму на истата маса. FRANZ е место каде доаѓаш на пијачка, но неодоливиот мирис на вкусна храна те тера да каснеш нешто од внимателно избраното мени полно со вкусни оброци и десерти. FRANZ е место каде што денски доаѓаш „лабаво“ на кафе, а навечер уживаш во најдоброто што има да го понуди Скопје, заедно со твоето друштво и музиката што ја сакаш. Без разлика дали доаѓаш сам или со друштво, дали преку ден или на „ноќна шема“ – вратата на FRANZ е секогаш отворена и те чека на добра забава.

За кратко време FRANZ стана една од омилените локации на скопјани, но и на туристите кои ги посетуваат нашиот град. Доказ за тоа се секогаш полните маси, разиграните гужви во вечерните часови и илјадниците фотографии кои се појавуваат на социјалните мрежи токму од ова место, чија естетика веднаш паѓа во око.

FRANZ е место кое откако ќе го посетиш еднаш, ќе сакаш да се враќаш одново и одново. А најдобар начин да дознаеш зошто, е да го посетиш уште денес. Се гледаме во FRANZ!

Translate »