Намалете го внесот на шеќери без компромис на вкусот

Поголем дел од популацијата се свесни дека консумираат многу повеќе шеќер отколку што се препорачува, па дури и повеќе отколку што им е реално потребно во текот на денот. Се поголем број се обидуваат да ја елиминираат оваа навика од нивните животи и да го намалат внесот на шеќери со цел да преземат поголема контрола над своето здравје, како и да го намалат ризикот од дијабетес тип 2.
Но, дали постои начин да се промени исхраната „безболно“, без скратување од задоволството кое го добиваме од истата?
Во месец Ноември, посветен на подигнување на свесноста за дијабетес, решивме да ви понудиме неколку начини преку кои ќе го намалите внесот на шеќери во секојдневната исхрана со помош на верниот сојузник на Вашето здравје, македонската компанија за здрава храна, Виталиа.
Сладок старт на денот, без додадени шеќери

https://www.instagram.com/p/ChRZOFqMOTO/



Почнувајќи од утре, засладувајте го утринското кафе или чај со стевиа – природен и здрав засладувач кој е 10-15 пати посладок од обичниот бел шеќер, а не содржи калории и шеќери и не ја покачува глукозата во крвта. Само со едноставно засладување на кафето, напитоците и свежо цедените сокови и храната со Виталиа Sweet Stevia драстично ќе го намалите неделниот внес на калории.
Секој појадок или вечера можат да бидат вкусни и слатки, без да ве преоптоварува бројот на калории или нивото на шеќер – но, само доколку добро изберете што јадете.

Особено популарен избор за појадок е и гранолата – здрав и крцкав оброк која се одликува со сладок вкус и низа здравствени бенефити.. Идеален избор е гранола без додаден шеќер, која доаѓа во повеќе вкусови: бадем и бело чоколадо, лешник и темно чоколадо, црвено овошје, кокос и лешник… Изобилува со растителни влакна кои потекнуваат од високиот процент на овесни снегулки и ја подобруваат дигестијата и метаболизмот на шеќери. Без разлика дали ќе ја консумирате како оброк со јогурт и млеко, или пак како крцкава ужина – таа ќе ви го заслади моментот и ќе ви ја даде енергијата потребна за да го направите денот успешен, без грижа на совест и внес на дополнителни шеќери
А што со ужината?
Секогаш добар избор се гранола баровите од Виталиа, формулирани со целозрнести овесни снегулки, прелиени со бел или какао крем. Совршено крцкави, здрави и екстремно неодоливи, кој вкус и да го одберете, подгответе се за бран енергија и максимално уживање. Богати со растителни влакна, овие барови претставуваат вистинско вкусно решение како ужина или десерт, по оброците или по крајот на зафатените денови. И најдоброто? Истите се без шеќер, што значително ќе ви го намали дневниот внес на шеќери.

Живеењето во модерното време ни нуди толку многу начини за да се храниме здраво, а на нас останува само да го избереме вистинскиот. Производите на Виталиа, кои се извезуваат ширум светот, ќе ви понудат здрава опција за секојдневните оброци. При следниот шопинг, побарајте го логото на Виталиа – кое претставува заштитен знак за здравата храна.

Translate »