Ја полеал куќата со бензин и ја запалил, заради одмазда

Страшен пожар утрово „проголта“ семејна куќа во Јагњедовци кај Копривница, а еден маж е уапсен поради сомнение дека ја полеал куќата со бензин и ја запалил.

Без кров над главата останал млад брачен пар Јокиќ, кој куќата ја купил пред 4 години.

Како што пишуваат тамошните медиуми, мажот кој ја полеал куќата со бензин и ја запалил живеел во истата бидејќи бил во врска со мајката на младиот Јокиќ, но се скарале кога западнал во големи коцкарски долгови, па се иселил пред еден месец. Младиот Јокиќ во неа живеел заедно со неговата сопруга. Не можејќи да се помири со тоа дека повеќе не живее таму, утринава дошол со канта бензин и секира, решен да ја запали куќата, себе и младиот сопственик, син на својата поранешна љубовница., која сега живее и работи во Австрија и доаѓа само повремено.

Сосетката Ружа Терек успеала да му ја земе секирата и да ја фрли на својата веранда.

Куќата веднаш почнала да гори и покрај брзата интервенција на пожарникарите таа горела. Штетата е огромна.

Translate »