Ахмети и Мицкоски не се договарале, си честитале

Ова не беше средба за договарање, ова беше средба за честитање“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање за Законот за јазици. Ахмети рече дека ВМРО-ДПМНЕ била заинтересирана да ги поддржи реформите кои се прават во државата. Се договориле со Мицкоски да продолжат со комуникација и во иднина за напредок на државата- објави Макфакс

„Разменивме мислења на многу конструктивен начин и за неопходните реформи кои мора да ги завршиме во земјава. Разговаравме и за политичките процеси во земјата. Интересот на двете партии е за нашата држава да биде што е можно постабилна“, изјави Ахмети

Тој не одговори конкретно дали гледа промена во реториката на ВМРО-ДПМНЕ по смената на раководството. Ахмети само повтори дека ставовите на ВМРО-ДПМНЕ транспарентно биле соопштени на конгресот на партијата. Ахмети рече дека му го честитал изборот на Мицкоски и дека размениле мислења на конструктивен начин за евроатлантските интеграции на земјата како власт и опозиција.

Republ

Translate »