Мицкоски: Пред вас стои победник кој на 15 јули заедно со народот ќе донесе историска победа

-Очекувам кампања во која ќе моеже да ги покажеме разликите кои ги поседуваме. Кој нуди стратегија за развој, а кој не нуди ништо. Изминативе години сме сведоци на влада која многу ветуваше, но освен капитулација, криминал и неправда ништо не направи. И тоа не е само мој став, така мислат и многу граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со стратегија како ја гледа иднината на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи. Овдека пред вас стои победник, кој е убеден дека на 15 јули заедно со народот ќе донесе историска победа за Македонија. Јас верувам во мудроста на народот, рече Мицкоски.

Translate »