Видео: Германија на колена! Македонија напиша историја во Дуисбург!

loading...

Германија имаше само два порази во својата фудбалска историја од Португалија и Англија, па дојде Македонија за да им го нанесе третиот пораз и тоа откако во три мундијалски циклуси во низа Германија едвај имаше три нерешени мечеви и ниту еден пораз.

Елиф Елмас на седум минути пред крајот ја реши Германија и обезбеди победа за вечно паметење, како круна на херојската и јуначка игра на црвено-жолтите, откако претходно Горан Пандев во првата минута од судиското надополнување во првиот дел донесе водство, а Илкај Гундоган по еден час игра израмни од пенал, откако судијата Сергеј Карасев едвај чекаше да свирне на белата точка.

Елмас ја исправи и неправдата вечерва, зашто Карасев не виде чист пенал по играта со рака на Емре Џан, но остана нем, па на крајот Македонија заслужено победи за да стигне до шест бода и да се израмни со Германија со бодовното салдо по три кола во овие квалификации, но и да најави дека е максимално подготвена за дебито на Европското првенство.

VIdeo

https://tiger.cdnja.co/v/r3/R3PQ7.mp4?secure=6l_H5oNFgsiIWR3CcjD12A&expires=1617229800

Translate »