Успешна еко акција во населба Драчево- Собрани тон и половина стаклена амбалажа

loading...

Минатиот викенд, поточно во неделата се одржа голема еко-акција за собирање стаклена амбалажа во населба Драчево.

Овојпат, наместо на собирни пунктови, жителите своите шишиња и тегли ги оставаа на тротоар пред својот двор, а комбето на Пакомак поминуваше и ги подигаше од пред секоја куќа.

За ваквиот начин на организација, најзаслужни се дел од учениците и професорите од Средното училиште „Браќа Миладиновци“. Неколку дена претходно беа поделени инфо летоци во секоја куќа. На денот на собирање, активно беа вклучени во покажување на сите мали улички, со цел ниту едно шише да не остане не собрано.

Одзивот на нашите сограѓани беше нависина еколошки, а акцијата повеќе од успешна. Собрани беа тон и половина стаклена амбалажа. Дополнително, кај три семејства, поради поголемо количество, беше закажан дополнителен термин на собирање. И најважно од се, топлиот прием и позитивните коментари на граѓаните посебно не’ мотивираат да продолжиме со нашата единствена цел, да го направиме нашето заедничко место на живеење поубаво и еколошко чисто опкружување, велат од Пакомак.

Пакомак, како благодарност за учеството во акцијата, на сите граѓани им подари семиња од цвеќе.

Translate »