Пекевски: Голем интерес кај беровчани за рециклирање преку повратните вендинг машини на Пакомак
Продолжувајќи со зелените и еколошки пракси, Општина Берово сега стана и една од првите општини во земјата кои добија повратни вендинг машини за селективно одложување на отпадот. Овој современ начин на селектирање и управување со отпадот гарантира дека отпадниот материјал ќе заврши на рециклирање, каде што и му е местото, а притоа обезбедува и големи придобивки за граѓаните кои редовно селектираат преку него.
Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, вели дека жителите на неговата општина брзо се навикнале на едноставниот принцип на селектирање преку вендинг машината на Пакомак и редовно ја користат и собираат „зелени поени“ а веќе е поставена и втора.
Вашата Општина Берово со години е една од најпрогресивните еколошки општини во земјата, со зелени навики и иницијативи кои се протегаат во текот на целата година. Како се спроведува едукацијата за еколошките пракси во Општината и дали таа е добро прифатена од граѓаните?
Општина Берово отсекогаш се стреми кон врвот, кога се во прашање екологијата и чистата животна средина и големо е задоволството кога тоа го остваруваме преку најсовремените техники за управување со отпадот, во кое нешто, морам да напоменам, наш партнер постојано е фирмата ПАКОМАК од Скопје.
Едукацијата за еколошките пракси се спроведува, најчесто преку социјалните мрежи, во што, денешно време сите сме доволно упатени и кое нешто нуди најдобра можност, да се пренесе информацијата и истата да допре до поголем број на граѓани. Сметам дека истата, е добро прифатена од граѓаните и тие се снаоѓаат и уште од самиот почеток, има голем број на граѓани, кои активно ја користат.
Во 2020 година Општина Берово беше прогласена за Најеко општина во земјата, а сега стана и една од првите општини кои поставија повратни вендинг машини. Кои други еколошки активности се спроведуваат на ниво на општината?
Општина Берово е синоним за еколошка општина сама по себе. Тоа е општина со многу чист воздух и изобилува со природни убавини и шуми, кои ја надополнуваат приказната за еколошка општина .
Во соработка со фимрата Пакомак, последниве години, континуирано го унапредуваме системот за управување со отпадот, при што инсталирани се контејнери за стакло, за пластика, за електронски отпад , а организираме и чести еколошки акции, за чистење на одредени локалитети, во соработка со институциите на локално ниво и печатиме промотивни материјали со апел за попдигање на свеста, за чиста животна средина.
Се разбира дека активното учество на сите луѓе од заедницата во борбата за почиста средина, придонесува кон резултати на долг рок, па така со континуирано унапредување на системот за управување со отпадот, секојдневно го оправдуваме епитетот НАЈ ЕКО општина.
Со поставувањето на новата повратна вендинг машина на Пакомак, вашата општина станува дел од мрежата на селективно одложување на отпадот која дава и директни придобивки за оние кои ги користат. Како работи системот на „зелени поени“ во Општина Берово и какви можности нуди за граѓаните?
Сите ние како граѓани, сме свесни дека со правилно одлагање на отпадот, силно допринесуваме кон намалување на отпадот и зачуѕвување на животната средина. Конечно кога придобивката е двострано и парично валоризирано, малку повеќе свесно пристапивме кон почеток на една нова ера кон селектирање на отпадот, во Берово и пошироко а тоа е рециклирање на отпад од пластични шишиња и лименки во повратните вендинг машини од Пакомак.Системот на зелени пари работи преку апликацијата Екомак, при што, после регистрација се добива баркод, па со ставање шише со дното напред , со секое селектирано шише добиваш зелени поени, кои понатаму се користат за купување на производи.
Постои ли интерес за користење на повратната вендинг машина во Берово?
Интересот за користење на повратната вендинг машина во Берово е голем. Ефектот се чувствува уште на самиот почеток, луѓето ја складираат пластичната амбалажа и лименките и одат во поблискиот маркет и ја враќаат, по улиците повеќе нема расфрлани шишиња а намален е и самиот комунален отпад,така да слободно можам да кажам дека ефектот од поставување на вендинг машините во Берово, веќе се чувствува и поставувањето многу позитивно е прифатено од целокупното население. Се надевам дека сето тоа, во иднина ќе стане една позитивна пракса, која на долг рок ќе донесе уште подобри резултати.