Автомобилот што пловеше во Вардар e на наша позната глумица
„Благодарам на пожарникарите, на полицијата кои беа на висина на задачата. Благодарам на сите што се јавивте да ме прашате дали сум добра. Една светла точка и која ја прифаќам тоа е духовитоста на поединци. Да, беше морбидно и страшно. Јас немам друг избор освен да се борам како и секогаш! Благодарам на сите добри луѓе кои вчера беа со мене седум часа на нозе. Првото влегување дома гушка од Кики и Мина со една реченица:’Само ти да си ни добра!’”. Ова е статусот кој го објави актерката Весна Петрушевска на Facebook во врска со инцидентот кој се случи вчера попладне, кога нејзиното возило мистериозно заврши во водите на Вардар, од каде беше извлечено синоќа со помош на пожарникарите.

Петрушевска во својот статус објаснува дека автомобилот бил паркиран под мостот од причина што поголемиот дел од актерите се паркираат таму кога одат на проба или претстава.
„Зошто се паркираме таму е оти нашиот паркинг е полн со сценографија за која патем се не е испланиран простор и мора да се чува некаде, играме претстави, но тоа е друга тема. Нејсе, за сите што шпекулирате, имате дневна сензација, претпоставувате апсурдни нешта (примерно сум возела покрај кеј , па сум влетала во Вардар и сум излегла мртва ладна) да ви кажам дека беше на одалеченост од кејот со дигната рачна и во брзина. Се останато има служби ќе си истражат“, вели Петрушевска и додава:
„Во секој случај е морбидно и грозно. За недозволено паркирање се плаќа казна. Не ме зачудува воопшто лошотијата и ‘храброста’ зад тастатура. За сите вас „душебрижници” со претпоставки од најгнасен тип да ви кажам едно нешто, мислев само на децата да не се потресат, оти бргу се прошири веста. Помисливте на тие дечиња ако случајно јас бев во автомобилот? Јас работам чесно и достоинствено, вие може да пишувате по постови до утре и назад! Кога последен пат сте помогнале некому? Јас секојдневно! Бев на проба со децата од Бејби шоу, работиме на убави нешта, се учиме на достоинствен живот и живот без различности. Благодарам на пожарникарите, на полицијата кои беа на висина на задачата. Благодарам на сите што се јавивте да ме прашате дали сум добра“.
Во изјавата за медиумите Петрушевска претходно изјави дека верува оти станува збор за обид за кражба затоа што не верува дека возилото само можело да заврши во реката Вардар.
Екипите на Министерството за внатрешни работи и Противпожарната заштита вчера попладне од водите на Вардар го извлекоа автомобилот Nissan, кој во реката стоеше заглавен во непосредна близина на Камениот мост. Според досегашните информации од МВР, во првичните моменти од спасувачката акција екипите не можеле да утврдат дали во автомобилот имало некој или не. Според командирот на Територијалната противпожарна единица, Звонко Томевски, возилото е извлечено со интервенција на пет пожарникари и две пожарникарски возила.
Случајот го пријавил граѓанин попладнево околу 16:45 часот. Според него, возило со жолта боја и со запалени светла пловело по Вардар од мостот кај булеварот Гоце Делчев кон Камениот мост и застанало кај ГТЦ спроти „Телеком“.
Пожарникарите што учествуваа во вадењето на возилото од Вардар за „Макфакс“ велат дека акцијата траела околу еден час, бидејќи поради ладните и брзи води било отежнато проближувањето до возилото и негово извлекување од реката. Тие велат дека во моментот кога возилото било извадено надвор, сè уште му биле вклучени светлата и му работеле брисачите. Во возилото немало никој, но очевидци раскажувале дека забележале девојка која успеала да излезе и да се спаси пред возилото да падне во реката.