Грчки медиуми: Рама го враќа сеништето за Голема Албанија
Грчките медиуми дадоа големо внимание на „бомбастичната“ изјава на премиерот Еди Рама за потребата од заеднички претседател на Албанија и на Косово, оценувајќи го како „враќање на сеништето за Голема Албанија“.
„Сеништето на Голема Албанја повторно се буди, за да стане реалност“ или „Еди Рама сонува како Ердоган; Границите на срцето еден ден да станат реалност“, се некои од насловите во грчките медиуми за изјавата на Рама од пред два дена.