Францускиот амбасадор: Тажно е што законот за јазици беше изгласан токму на годишнината на воениот конфликт во Македонија

“Тажно е што усвојувањето на законот се случи на ден кој е годишнина на еден тажен настан. Подобро ќе беше овој закон да беше изгласан во знак на помирување”, изјави во интевју за СИТЕЛ ТВ , францускиот амбасадор во РМ , Кристијан Тимоние.

Францускиот амбасадор Тимоние истакна дека е длабоко разочаран од настаните кои се случија пред два дена во македонскиот парламент. ” Мислев дека по 27-ми април е свртена една нова страна… Имавме впечаток дека работите се движат во една друга европска насока, полека, но се сепак се движат. Настаните од завчера покажаа дека има уште многу работа да се заврши, изјави Тимоние за Сител ТВ.

“Oпасно е ако ова стане пракса, на тој начин да функционира Парламентот. Ние очекуваме да се создаде консензус бидејки претстои голема активност во областа на правосудството, поврзани со агендата 3-6-9”, рече амбасадорот.

 

Translate »