Пронајден е женски труп во река

Пронајден е женски труп во река.Станува збор за  реката Река-Ресен, во близина на селото Лева . Констатирано е дека се работи за исчезнатата жена   Б. Ј. (1954) од селото Лева Река, чие исчезнување било пријавено на 14.03.2018 година.

 

Смртта ја констатирал доктор од ИМП од ЈЗУ-Ресен. Увид на лице место извршил Јавен обвинител  и увидна екипа на ПС-Ресен, а по Наредба на Јавниот обвинител телото на починатата е предадено за обдукција.

Translate »