ОТВОРЕНА ОГРОМНА МИСТЕРИОЗНА ДУПКА СРЕД СИБИР! (ВИДЕО)

Научниците штотуку започнаа да ја испитуваат оваа појава и сè уште не е сигурно дали оваа бездна е создадена како резултат на климатските промени.

Балон од акумулиран метан, кој што којзнае колку долго растел под вечниот мраз во Сибир, кој сега почна да се топи, експлодираше и создаде импресивен кратер длабок 50 метри.

Оваа гигантска дупка најпрво ја забележал телевизиски тим кој летал над областа и според „The Siberian Times“, кога научниците отишле да испитаат што се случило, откриле парчиња мраз и карпи исфрлени стотици метри од епицентарот.

Научниците штотуку започнаа да ја испитуваат оваа појава и засега не е сигурно дали оваа бездна е создадена како резултат на климатските промени. Во 2014 година, нешто слично се случи на полуостровот Јамал во северозападна Русија, по низата невообичаено топли лета, пишува Science Alert.

Експлозии со метан

Експертите веруваат дека ваквите џиновски дупки се резултат на ненадеен колапс на ридови или тундра, што се случува кога растворањето на мразот ја стимулира акумулацијата на метан под површината.

Поради глобалното затоплување на Арктикот, областа на вечниот мраз забрзано се топи. Научниците веруваат дека овој процес влијае на создавање на такви бездни, но сè уште нема доволно истражувања што со сигурност потврдуваат дека климатските промени се оние кои првенствено го поттикнуваат нивниот колапс.

Метанот е 84 пати помоќен стакленички гас од јаглерод диоксидот, а ослободувањето огромни резерви на тој гас може да предизвика неповратен процес што може дополнително да го забрза глобалното затоплување.

Анализа на бездната

Студија од 2017 година анализирала фотографии од такви бездни датирани од 70-тите години на минатиот век и открила дека тие значително се зголемуваат во последниве години, што укажува на тоа дека растворањето на мразот е барем делумен двигател на ваквите настани.

Истата година, друго истражување пронајде 7.000 балони со гас под полуостровот Jamамал, токму таму каде што сега се отвори огромната бездна.

Освен фактот што поради климатските промени, неверојатно количество метан досега заробено може да се испушти во атмосферата, научниците се загрижени и затоа што растворањето на мразот може да ослободи стари, антички болести за кои не знаеме скоро ништо.

Translate »