Два вооружени грабежи во еден ден – никој не соопштува со колкав плен заминале ограбувачите
Се уште никој не соопштува со колкав плен заминале ограбувачите на НЛБ банка во Чаир. Четворицата маскирани кои вчера под закана со огнено оружје, ги одземале парите од експозитурата, избегале со бел голф и подоцна го запалиле. Од МВР не соопштуваат никакви детали и велат дека понатаму се е во рацете на обвинителството. Од ОЈО не добивме одговори на нашите прашања: колку пари се украдени и дали има трага од ограбувачите. Менаџментот на банката не одговори на нашите повици. Непосредно по грабежот, првиот човек на банката рече дека нема простор за загриженост од страна на клиентите бидејќи нивните пари се осигурани.
Вчерашиот грабеж на НЛБ беше поголемиот, но не и единствениот во денот. На ист начин, шест часа подоцна, маскиран и вооружен разбојник извршил грабеж во казиното „Стар” во Дебар. Според полицијата, разбојникот насилно влегол во казиното кое се наоѓа на главната улица и заканувајќи се со пиштол одзел поголема сума на пари, без да соопштат за колкава сума се работи. Истражните органи додаваат и дека во оваа постапка ќе бидат корстени и снимките од безбедносните камери.
Кристина Атовска