Прогласена епидемија на морбили во цела држава

Здравствените власти донесоа одлука да се прогласи епидемија од морбили на територија на цела држава. Вкупниот број на заразени е 961, од кои 60 отсто надвор од Скопје. На Kлиниката за детски болести се хоспитализирани 15 деца, додека на Инфективната клиника има 55 пациенти.

Дел од мерките за спречување на ширењето на заразата се задолжително вакцинирање со две дози МРП на здравствените работници, студенти и наставен кадар, како и симнување на старосната граница за звакцинирање од една година на шест месеци. Исто така се забрануваат посети во болници, но и посета на градинките на кои веќе им е наложено да не ги примаат невакцинираните деца.

Мерките веќе биле спроведени во Скопје велат од Комисијата за заразани болести, каде е прогласена епидемија на морбили од почетокот на годинава.

Translate »