Уште еден од обвинетите за ,,Диво Насеље,, е осуден доживотно, на пресудата реагираше со аплауз

loading...

Сулејман Османи, уште еден од обвинетите во случајот Диво Насеље денеска е осуден на доживотна казна затвор за учество во терористичка организација и тероризам. Откако судот ја соопшти одлуката тој реагираше со аплауз.

На Османи му се судеше во посебна постапка за разлика од останатите 37 обвинети во овој случај, бидејќи тој една година не беше достапен за органите на прогонот, односно беше во Косово.

Судијата Горан Бошевски посочи дека обвинетиот Османи во текот на постапката не ги признавал делата кои му се ставаат на товар, а судот одлуката ја донел ценејќи ги сите материјални докази.

Судијата посочи дека по јавното објавување на пресудата, јавноста ќе може да ги види доказите кои произлегуваат од посебни истражните мерки, кои до сега се чуваа во тајност, а откако ќе ги чуе, рече судијата, ќе се отргнат сите шпекулации кои кружеа изминативе години.

Вчера судот изрече пресуди за 37 лица, од кои 33 лица се осудени. Од нив 7 на доживотен затвор, 13 лица на 40 години, 6 на 20 години, едно лица на 18 години затвор, две на 14, едно на 12 и три на 13 години затвор.

За четири лица судот донесе ослободителна пресуда затоа што обвинителството не успеало да докаже дека освен основано сомнение има и друго дело.

За шеснаесет од осудените судот донесе одлука за трајно протерување од државата.

 

Translate »