Се две камери се снима рочиштето во кое е обвинет Никола Грувески
Две камери во судницата на Кривичниот суд се денеска вклучени да го снимаат рочиштето по предметот на Специјалното јавно обвинителство за насилствата во Општина Центар. Обвинети во овој предмет се поранешниот премиер, Никола Груевски и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Ова е прв пат судење по предмет на СЈО да биде под видено надзор. Како што објасни судијката Татјана Михајлова, судењето се снима со две рачни камери, но само визуелно, а не и тонски.
Кога судијката извести дека се снима, адвокатот Димитар Дангов изреагира дека што се снима не треба да се води записник на компјутер. Тој побара сите досегашни запизници да бидат потпишани од сита странки, обвинители, обвинети и адвокати, бидејќи, како што рече, непотпишани немале важност.
Инаку, снимање на рочиштата побара одбраната во предметот „Траекторија“, каде освен Груевски и Јанакиески, обвинет е и поранешниот вицепремиер, Владими Пешевски. Од овие причини судењето вчера беше одложено. Денеска снимање на рочиштата побара и новинарот Драган Павловиќ Латас, обвинет за даночно затајување во предметот „Тотал“.
извор Фокус