Видео: Сара Џесика Паркер за 90 секунди облече 14 различни модели на чевли

Магазинот „Ел“ кон почетокот на месецот објави видео со Сара Џесика Паркер снимено во поп-ап продавницата на брендот за чевли со нејзин потпис – SJP By Sarah Jessica Parker во Њујорк.

Освен краткото интервју, актерката требала за 90 секунди да облече што повеќе чифта чевли од понудата во салонот. Крајниот резултат е 14 различни чифта.

-Не постојат чевли што ќе ви бидат удобни со часови. Затоа, ги охрабрувам сите жени, кога се во можност, да ги соблечат делумно и за кратко, за да го одморат стапалото и да можат да ја продолжат вечерта во ист стил. На тој начин му овозможувате на стапалото малку да дише и да излезе од “оклопот“ – вели Паркер.

Во текот на кариерата многупати морала да трча во чевли на висока потпетица, а особено за време на снимањето на „Сексот и градот“.

-Немам некоја стратегија за тоа како се трча во високи потпетици. Мислам дека повеќе се работи за искуство. Толку многу пати барале од мене да трчам во потпетици, што едноставно сум морала да научам и сфатив дека јас навистина можам да го правам тоа. Се сеќаваме дека еднаш снимавме сцена каде што требаше да трчам во едни црвени, вртоглаво високи чевли со отворена пета, што беше лудо! И сцената ја повторувавме повеќе пати, па практично трчав во нив речиси цел ден. Но, бев возбудена. Сите ми велеа, те молам внимавај, сакаш ли некој друг да го прави ова наместо тебе, или пак, можеби треба да забавиме со трчањево, но колку повеќе тие се грижеа за мене, толку јас сакав да успеам да истрчам во потпетици. Всушност, се трудев да трчам побврзо од движењето на камерата –  се присетува актерката.

На прашањето пак, како би ја опишала својата колекција во три збора, ќе каже:

-Квалитетна, безвременска и… забава за вашите стапала.

А преку видеото во продолжение ќе видите и кои се нејзините омилени чевли од колекцијата:

 

Translate »