Ѕирнете во внатрешноста на најголемиот крузер на светот
Бродот ќе патува до Палма де Мајорка, италијанските градови Фиренца, Пиза, Рим и Неапол, а на есен ќе оди „преку барата“.
Најголемиот крузер на светот „Морска симфонија“, заплови низ Медитеранот на првото патување после три години од изградбата, кое започна во Барселона.
Сопственик е компанијата „Ројал Карибиан“, а како што пишува Си-Ен-Ен Травел, најголемиот крузер на светот е долг повеќе од 362 метри, а може да прими околу 6.680 гости и 2.200 работници на бродот, што е скоро 9.000.
Ова импозантно пловило располагаше со 22 ресторани, 24 базени и 2.759 кабини.
Бродот има 18 палуба и како што објаснува Јеунг, тоа прави сите присутни да се чувствуваат лагодно и да не чувствуваат како бродот е пренатрупан со луѓе.
-Како зграда, зарем не? Има 24 лига и седум делови. Секој дел има сопствена специфичност и со самото тоа тенденција природно да ги подели патниците, вели Јеунг.
Меѓу таквите делови на бродот е на пример солариумот за возрасни или „Централ парк“ украсен со 20.000 тропски билки или воден парк.
Овој брод нуди возбудливи услуги, меѓу кои се лавиринт од кој треба да се излезе, симулации на сурфање, но круна на се е „Ултимативниот амбис“, највисокиот тобоган на крузерот, кој се наоѓа на скоро 46 метри над нивото на морето.
Спуштањето од врвот на тој тобоган трае 13, 14 секунди.
На бродот има и танцови и музички уметници, кои со своите настапи на присутните им пружаат додатно уживање.
Кога станува збор за сместувањето, првото место го носи „Ултимативниот семеен апартман“ на две нивоа, детскиот дел во разни бои кои содржи тобоган во собата, приватно кино, маса за пинг понг и ѕид од лего коцки.
Од друга страна, делот за возрасни е дуплекс со осум соби кои излегува на приватен балкон со џакузи, а доколку гостите побараат , ќе добијат личен батлер кој ќе води сметка за целото семејство, како и личен фотограф, „личен инстаграмер“, кој ќе работи гостите да имаат преубави фотографии, пишува Си-Ен-Ен.
Оваа година, овој бродот своето прво патување го започна од Барселона, а ќе патува за Палма де Мајорка, Фиренца, Пиза, Рим и Неапол, а на есен ќе оди и „преку барата“, ќе плови до Мајами на Флорида, после што ќе започне крстарење по Карибите.