Прилеп го доби “Hair Shop” -првата специјализирана продавница за производи за коса
Прилеп го доби “Hair Shop” -првата специјализирана продавница за професионални производи за коса
Во неделата, на 01 септември во центарот на Прилеп (зграда Македонија) и официјално се отвори првата самостојна и ексклузивна продавница во Македонија за професионални производи за нега на коса. Продавницата ја отвори компанијата Илевен дооел од Прилеп која воедно најави и отворање на ланец на продавници низ земјава.
Во понудата на “Hair Shop” може да се најдат производите од реномирани професионални брендови како L’Oréal, Wella, Revlon, Orofluido, American Crew, Fanola, Rr line, Oro therapy, Alter Ego, Inebrya, Luxina, ImeL, Alfaparf, Black, Young, Goldhair и други.
Како што кажува и слоганот на “Hair Shop” – “Сé за Вашата коса!”, во оваа специјализирана продавница потрошувачите и сите оние кои се грижат за својата убавина, а сакаат да употребуваат квалитетни
професионални производи, можат да најдат широка палета на шампони, маски, лосиони, серуми, фарби за коса, производи за нега на детската коса и посебен дел Berber shop- “само за вистински мажи”, со производи за нега на коса и брада за машката популација.