Села бара двојазичност и бинационална држава
Зијадин Села со 606 гласа „за“ и еден „против“ е реизбран за претседател на Алијансата на Албанците на конгресот во Тетово.
На конгресот се донесени статутот, платформата и резолуцијата на партијата, која во себе содржи барање до Владата за промена на Уставот која ќе обезбеди албанскиот јазик да биде еднаков со македонскиот јазик.
Во своето обраќање Села, потенцираше дека бара двојазичност и бинационална држава.