76 годишната баба Љуба на лизгалки на минус 50! Руска интернет сензација!

76 годишната бабичка е интернет сензација во Русија. Нејзиното име е Љубов, нагалено Љуба.  Живее на брегот на Бајкалското езеро, каде е и родена.  Пред десетина години починал мажот ѝ. Но таа продолжила да живее сама во куќата на крајбрежјето заедно со своите крави.

Љубов со своите крави

Како млада работела во  фабрика во Иркутск како технолошки инжинер, а сега е пензионерка. Но, нејзиниот живот воопшто не е пензионерски. Секој ден таа се качува на лизгалки и лизга по езерото за да ги собере кравите кои скитаат по езерското крајбрежје. Лизгалките  се направени од нејзиниот татко уште во 1943 -тата година.

Баба Љуба на лизгалки кои татко ѝ сам ги направил уште во времето на Втората светска војна

Љубов има деца и внуци. Тие живеат во градот, но таа одбива да се пресели кај нив. Го сака животот на Бајкал. Вели дека тоа ја одржува млада. -Лесно е да лизгате на Зимските олимписки игри, пробајте тоа да го направите овде, на 50 степени под нулата, се шегува супер бабичката.

На 76 години, здрава како дрен

Сурови услови за здрав живот

Љуба сите физички работи сама ги прави. Не се плаши да живее  сама во дивина. Повеќе ме загрижуваат пијаните туристи , отколку дивите животни, низ смеење раскажува Љуба. Нема телевизија, а  и не ѝ ни треба, вели таа. Навечер ужива во везење.

Љуба со своите креации, за кои е и наградувана

Во зима има полни раце работа и не ѝ е здодевно, а во лето на гости ѝ доаѓаат внуците.

Куќата на Љуба

Translate »