Погледнете го апартманот во кој таткото на Меган ја следел кралската свадба, за само 30 долари
Томас Маркл ја проследил свадбата на својата ќерка во изнајмен апартман во Мексико , кој го чинел 30 долари за ноќ. Ја замолил газдарицата во собата да донесе телевизор за да ја гледа кралската венчавка и за тоа платил дополнително, открива британскиот “The Sun”. Тој , претходно, за веб порталот “TMZ” изјавил дека на денот на свадбата бил во Калифорнија, каде се опоравува од операција на срцето.
73 годишниот Томас Маркл тврди дека пред две недели имал операција на срцето и дека му се вградени три стента. Папараците го затекнале како на излегувањето од болницата купува “брза храна”.
По свадабата, Томас Маркл изјавил дека е пресреќен поради свадбата на својата ќерка и дека жали затоа што, поради болест, не присуствувал и тој. Вели дека и испратил смс порака на Меган за да ѝ честита.
Војводката Меган Маркл блесна на роденденот на принцот Чарлс