Меланија Трамп станува во 5 и 30, јаде 7 овошки дневно

Првата дама на САД, Меланија Трамп, избрала да живее помирен живот, па поголем дел од своето време поминува грижејќи се за 12-годишниот син Барон, нарекувајќи се себе си мајка со полно работно време.

Откако семејството Трамп се пресели во Белата куќа, Меланија има повеќе обврски – од декорација на претседателската резиденција до планирање на официјални случувања.

„Бизнис инсајдер“ се обиде да претстави како изгледа еден обичен ден на Меланија Трамп.

Првата дама се буди после својот сопруг Доналд Трамп, околу 5.30 часот. Парот спие во одделни спални соби.

Потоа, Меланија го подготвува Барон за на училиште, што подразбира и помош околу домашните задачи, но и подготовка на појадок и ручек за својот син. Покеногаш го испраќала и до училиште и го чекала после часовите, а посветена е и на училишните случувања.
Меланија време посветува и на вежбање и тоа најчесто наутро. Вежба пилатес, шета и игра тенис. Таа истакнува и дека се храни здраво. Дневно јаде по седум овошки, а денот секогаш го започнува со смути.

Иако првата дама на САД внимава на исхраната, не може да одолее на чоколадо, сладолед, како ни на диетален газиран сок. Омилен и е пилешки специјалитет. Таа зема витамини за одржување на косата и кожата и практикува добро да се наспие.

Кога Меланија не се појавува во јавност, слободното време го користи за да биде со родителите и со синот.

Вклучена е во бројни случувања кога се во прашање вработените во Белата куќа и нивните обврски.

По напорен ден, Меланија Трамп се релаксира со купка, додека пак викендите ги поминува во приватниот ресорт на Флорида. Понекогаш патува одвоено од својот сопруг.

Меланија Трамп во реклама од 2005-та се претвора во патка(видео)

Translate »