Ја тепаше жената, таа плачеше и викаше, потоа еден од минувачите го нокаутираше
Ја тепаше жената, таа плачеше и викаше. Потоа еден од минувачите го нокаутираше, кажа еден од сведоците.
-Жената беше преплашена, викаше толку што ја слушна целата улица. Се обидуваше да се заштити. Вакво насилство е недозволиво, вели уште еден од сведоците.
Медиумите наведуваат дека насилството почнало откако парот, за кој се верува дека е разведен, се сретнал пред судот во Истанбул, каде требало да се одржи сослушување. Мажот, кој е идентификуван како Мехмет Т., подоцна е уапсен.