Термин за лична карта и за пасош може да закажете и преку мобилен телефон.
Термин за лична карта и за пасош од денеска ќе може да закажете и преку мобилен телефон.
Министерството за внатрешни работи информира дека аплицирањето за биометриски лични документи може да се направи преку мобилниот телефон 072 929 -292.
Покрај мобилниот телефон, термин може да си резервирате и на веќе двата достапни начини, преку веб-страницата на МВР (http://termin.mvr.gov.mk/) и со закажување преку фиксен телефон на бројот 0800 192 92. МВР соопшти дека се обезбедени 30 линии (оператори) кои ќе ги опслужуваат граѓаните и со тоа во голема мера ќе им се олесни побрзо да ги извадат своите лични документи.