Опкружени сте со идиоти на работното место? Еве со кои видови си имате работа и како да се справите со нив!


Колку да сакаме идеален работен простор, мора да признаеме дека идиотите се дел од него. Целиот свет, па и нашето работно место е полн со идиоти. На вас  Единствено ви преостанува да научите да ги препознавате и да се справувате со нив најдобро што можете. Не реков дека треба да ги сакате – јас од лично искуство знам дека тоа е невозможно. Само велам дека треба да  научите  да се разбирате  со нив.

Но, пред да ви дадам правила за тоа како да се разбирате со идиоти, треба да научите како да идентификувате кој е идиот, а кој не е.

Дозволете ми да сугерирам еден – секако нецелосен попис на идиоти.

Лажго

Татко ми секогаш повторуваше дека е подобро во фирмата  да ти  работи крадец отколку лажго, бидејќи крадецот барем можеш да го следиш, неговите дела се видливи. Никогаш не ги заборавив неговите зборови. Категорично одбивам да ги трпам  луѓето кои ме лажат.  Како менаџер, фатив ли  вработен што ме лаже, го отпуштам во секунда. Точка. Ама зашто?! Ама како?! Без коментари и разговори. Ви препорачувам и вам  да го сторите тоа. Дали тоа ќе  ви наштети? Ни најмалку!  Да лажеш е недостаток на карактер. Лажењето го руши кредибилитетот, а ако не можете да имате доверба во  луѓето со кои работите, осудени сте на пропаст. Без разлика колку е мала лагата. Лагата си е лага. Човек кој лажел за ситници, исто така, ќе  лаже и  за посериозни нешта.

Плачка

Не се палете толку! Жал ми е, но овој дел е резервиран за жени. Тоа не е сексизам, туку едноставен факт. Сум сретнал илјадници луѓе во мојот живот и никогаш не сум видел маж кој цимоли за  работата. Кога станува збор за бизнис, најдобро споменете си ја  онаа реплика на Том Хенкс : “Во безболот нема солзи!” Во бизнисот е  истото. Плачењето е  форма на манипулација. Да, знам, понекогаш може да биде  искрен и емотивен одговор на значаен и вознемирувачки животен настан. Во тој случај нема да ѝ наштети на  работата. Ако ви се јават  по телефон да ви кажат дека вашата куќа изгорела,  дека ви го згазиле кучето  или дека некој ваш близок починал, тогаш можете да плачете. Можеби  дури и  ја да си поплачам со вас. Но, во секој друг случај – не! Мора да се има почит! Проголтајте ги горчливите пилули и одете напред. Ако сте менаџер, а спроти вас седи службеничка и плаче, дајте и палома  и почекајте трпеливо да ги избрише солзите. Не подлегнувајте на манипулација. Дури и ако навистина сте на нејзина страна, бидете цврсти. Впрочем, водите бизнис, а не детска градинка.

Господин “Среќен”,  Г-дин “Вечна насмевка”, Г-дин “Позитивен”,  Г-дин” Секое зло за добро”,  Г-дин “Таму е светло-во-крај на тунелот”,  Г-дин” Jас знам-клик-за-било која ситуацијa”

Го знаете? Лично, јас  би го прекрстил  во  “Господине,  Ми се гади од тебе”! Понекогаш човек мора да ја избрише глупата насмевка од лицето, да  се намурти  и да се зафати за  работа! Понекогаш светлината на дното на тунелот е само светлo од  следниот  воз. Не секое зло е  за добро, често се случува работите да не се вклопуваат и тотално да  одат наопаку. “Господине Позитивен – твојата позитивност не  врши работа!” Без разлика што велат  мотивационите предавачи, позитивниот однос не е сè: порано или подоцна ќе треба да ги засукате ракавите и да  почнете да работите!

Дали сум против  позитивниот  став? Воопшто не.  Но, понекогаш не ми е потребен г-дин Позитивен! Напротив, ми  треба тебе некој господин Тотално-Скиснат, на кого му е доста од некомпетентност и измотавање  и кој само сака реално да заврши  работа! Можеби неговиот став е негативен ама не поставува непотребни прашања и знае да сработи. Во тој случај,  лично секогаш ќе го преферирам г-динот Скиснат пред  г-динот Позитивен.

Лицемер/ка

Таа/тој  е толку сладок  што ти се повраќа. Ги познаваш ли лицемерите?  Се разбира дека да. Винмавајте: Малите слатки лицемери , со нивната леплива насмевка, ќе ви го стават ножот во грб , полесно од кој било друг идиот! Лицемерот  лесно може да ве измами. Ги има и меѓу мажите и меѓу жените. Тие се  толку љубезни и грижливи… сакаат да ви бидат најдобри пријатели , се додека не им го свртите  грбот!

Грубијан

Грубијаните  може да имаат  каква било форма. Во бизнисот, овој тип не  изгледа како оние  големи момчиња кои ве малтретирале  во училишниот двор. Грубијанот може да биде и  теткицата на рецепција,  која има работено во компанијата веќе четириесет години.Или пак чистачката, која не го средува само  вашето биро.Но,  понекогаш тоа може да биде и вашиот шеф.

Силеџиите се луѓе со кревко, мало его. Нивните способности не можат да ги изнесат на лидерската позиција, па тие  максимално  ја користат секоја трошка власт до која успеале да се “докопаат”. Ако имате шеф  грубијан, веројатно ја користи својата позиција како оружје. “Ќе правиш како што ќе ти кажам, бидејќи јас сум шефот!” Со други зборови, не му е гајле за тоа што налозите му се целосна бесмислица; само извршувајте, бидејќи реков така. Како да се справите со таков човек? Исто како што правевте  во училишниот двор: спротиставете му се. Грубијаните најчесто се повлекуваат кога некој им се спротиставува. Најважно е да не се плашиме од нив.Грубијаните се хранат со стравот  и ви ја цицаат самодовербата. Разговарајте логично и бидете цврсти, не си ги кинете  нервите и  трудете се  да имате малку пари за црни денови во банката, во случај да ве отпуштат.

Озборувач/ка

Овој тип на луѓе знаат сè за секого. Тие обично не се многу ефикасни,  затоа што наместо да си ја гледаат својата работа, секогаш бараат причина да го бутнат носот во туѓата. Поминуваат многу време на телефонот, шетаат постојано по канцеларииии добиваат илјадници пораки. Потсетете ја  озборувачката  дека не  е платена да пренесува информации, туку да дава резултати. И никогаш не ги  стимулирајте, слушајќи ги !Не се инволвирајте  во нивните интриги.

“Паметниот”

Тој има духовита реплика за секоја ситуација. Во соодветен момент , некоја таква забелешка може да го намали  тензиите што помага во тимската работа. Но, кога е злобна или саркастична, од  ваквата досетка нема никаква корист, напротив, ова може да биде иритирачко за целиот тим.

“Воркохолик”

Едно време, мојата сопруга имаше шефица со репутација на голем и пожртвуван работник.  Сите го знаеја тоа во фирмата . Таа беше горда на тоа. Вистински работохолик, таа легнуваше и стануваше со работата. Длабоко во себе беше добар човек, но во исто време и жива досада.  На една забава , цела вечер ја слушав како буквално се фали дека таа работи 24/7. Ја прашав зошто, а таа ми одржа цело предавање како фирмата е најдобра во продавање   пејџери  (се сеќавате што е тоа пејџер) и така натаму, и така натаму. Јас и реков: “Но, тоа се само пејџери! Најчесто ги користат лекари, дилери на дрога и најголеми губитници. Можам да купам пејџер од вашата сериозна компанија, а може да си го земам и од трафиката на аголот. На крајот на краиштата, не се работи за светски мир и гладни деца во Африка, туку за пејџери. Дај малку кулирај! “Не мислам дека жената ме разбра. Но,  и јас  не ја разбрав. Може да ви е грижа за фирмата, може да чувствувате страст кон својата работа, да го љубите искрено она со што се занимавате и компанијата во која работите, но сепак гледајте полесно на работите и не се претворајте во работохолици.

Полтрон

Овој тип е лесно се препознава: неговите коленици  се излижани од лазење. Тој е обично најдобар во канцеларијата и е пријател со  сите. Сака само луѓето да се разбираат и да се дружат, и ја  смета секоја идеја која ќе ја  чуе за одлична. Тој сака секој да го сака. Да ги прави сите среќни. Обично не престанува да повторува колку добро работите, колку сте паметни, како ви  се восхитува и колку е задоволен што работи со вас. Пазете се од овој човек. Најверојатно се работи за е неискрен и неспособен ,  кој зад грбот ви фрла змии и гуштери.

Будала

Тоа е цела категорија идиоти кои можете да ги сретнете на работа. Овие душички едноставно се однесуваат несоодветно во секоја ситуација. Тие тресат и прават  глупости, и – се живи и здрави! Ниту можат да помогнат, ниту можете да им помогнете.  Без нервози, такви се какви се, само молете бога да не зависите од нивната помош.

“Лепотанот”

Ги знаете , нели? Премногу убав/а за да се фати за  работа. Овие луѓе се носени низ  животот, потпирајќи се на својата  убавина. И тука не спаѓаат само  жените! Има многу убави момчиња, кои се потпираат само на својата совршена насмевка, совршена коса и плочките на стомакот. Им завидувате? Да, малку! Но, јас никогаш не сум напредувал благодарение на мојот изглед. Морав да имам резултати. И во некој момент, дури и тие, ќе мораат да си ја сработат работата!

Не сум против  сексипилни убавици и убавци, далеку од тоа! Не секогаш се тие  лоши работници. Само нагласувам дека на работното место за луѓето треба да се суди според нивните резултати, а не по тоа како им стојат фармерките на  газот.

Простак

Тоа е човек без капка почит кон туѓото мислење, идеи, зборови, постапки, работа и  личност.  Згора на се, тој ова го демонстрира постојано. Ако за вас работи таков човек, веднаш  отпуштете го: животот е премногу краток за да вработиш  простак. Ако пак работите за простак, оставете ја работата и најдете друга: животот е премногу краток за да толерирате непочитување од  простаците. Ако имате колега простак, преминете во друг оддел што е можно побрзо. Ако не е можно, максимално дистанцирајте го. Мора да му дадете до знаење дека  нема да го толерирате неговото однесување. Како што реков, животот е премногу краток.

“Форбс”

Translate »