219 змии пронајдени во стан
Аргентинската полиција во вторникот пронајде 219 змии во станот во центарот на Буенос Аирес, вклучувајќи и питон и бои. Влекачите биле подготвени за продажба, изјави министерот за животна средина, Серџо Бергман, за Тодо Нотикиас.
Бергман додаде дека едно лице е обвинето.
“И покрај страшниот изглед на змиите, тие не претставуваат закана за локалното население”, рече Сантијаго Д’Алесио од здружението Фувијан Силвестер.
Научниците ќе ги разгледаат змиите за да одредат дали можат да бидат ослободени во природни живеалишта.