Хаос во САД: Редови за гориво, тотално лудило на источниот брег
Бензинските станици на американскиот источен брег почнуваат да остануваат без гориво поради тоа што се уште закрепнуваат од сајбер-нападот кој во петокот ги стопирал операциите и предизвикал загриженост поради скокот на малопродажната цена на бензинот.
Хакерскиот напад кој бил извршен во петокот бил еден од најтемелните некогаш пријавени сајбер напади и предизвикал бројни апели до законодавците да ги засилат мерките за заштита на американската енергетска инфраструктура од хакерски напади, пренесува “Reuters”.
Од компанијата “Colonial pipeline”, една од најмоќните американски компании за дистрибуција на нафта и нафтени деривати, било соопштено се продолжува со анализа на ефектите од привременото блокирање на операциите и дека се работи на “обнова на услугите”, но не е потврдено кога работата на компаниите ќе се врати во нормала.