Португалците бесни поради измамите со вакцинацијата, министерката ги смирува
Министерката за здравство на Португалија, Граца Фреитас се обиде да ги увери луѓето во земјата, во моментов најпогодена од коронавирус во ЕУ дека ќе бидат вакцинирани, додека лутината се шири заради доцнењето и вакцинирањето преку ред .
Во текот на изминатите неколку недели, Португалија имаше највисока стапка на смртност и нови инфекции во однос на населението во светот.
Во меѓувреме, како и во другите земји на ЕУ, програмата за вакцинација се спроведува многу побавно отколку во Велика Британија или САД.
„Сите ќе бидат вакцинирани – не можеме сите да се вакцинираме истиот ден. Постојат приоритети“, рече Фреитас пред новинарите. „Луѓето мора да му веруваат на системот. Системот ќе ги покани сите да се вакцинираат.
Неколкумина градоначалници, сопруга на доктор, па дури и мајка на свештеник биле вакцинирани преку ред во Португалија, каде сè уште им се дава приоритет на здравствените работници од првите редови, жителите на домовите за стари и изнемоштени лица и лицата над 80 години.
Опозицискиот ПСД објави дека одговорните треба да бидат кривично пријавени, во услови на жестоки критики од пратениците, синдикатите и граѓаните револтирани од оние што се вакцинираат преку ред.
„Измамата за вакцинација ја поткопува довербата на граѓаните во институциите“, напиша португалската медицинска сестра Марија Македо на Твитер. „Вакцините се ретки (а измамите) можат да ја одложат заштитата на најранливите.
Шефот на работната група за вакцинација, Франциско Рамос, вчера поднесе оставка поради, поради како што призна, неправилности во процесот на избор на вработените кои треба да бидат вакцинирани во болницата на Црвениот крст, каде што тој е извршен директор.
Во земјата со 10,3 милиони жители досега се вакцинирани само околу 350 000 луѓе, од кои 75 000 примиле втора доза.
„Дава надеж, тоа е позитивна работа и оди добро, така што не треба да бидеме преокупирани со работи што не одат добро“, тврди Фреитас.
Незадоволството од програмата за вакцинација го достигна својот врв за време на викендот, кога регионалната единица за итни случаи ИНЕМ соопштила дека ја искористила преостанатата вакцина ковид-19 за да ги вакцинира работниците во слаткарница во близина на нивната зграда во Порто, покренувајќи прашања за тоа зошто не биле вакцинирани работниците од првите редови во борбата против пандемијата.