Северина се сели на имотот на новото момче?!
Во хрватските и српскире медиуми одекна веста дека поп-пејачката Северина Којиќ почнува заеднички живот со новиот емотивен избраник, сопственикот на винарија Томислав Воштиниќ, со кого медиумите ја поврзуваа уште кон крајот на летото.
Имено, таа, за почеток, ќе пренесе дел од своите предмети на неговиот имот во Иваниќ Град, каде што повремено ќе оди и ќе поминува неколку дена за да види како тие двајцата ќе функционираат заедно, дознава српски „Курир“.
Е сега, сосема логично, многумина се прашуваат што се случуца со нејзиниот брак со Игор Којиќ. Се шпекулира дека сопружниците не се во добри односи, а во прилог на тоа зборува и оди фактот дека не се виделе скоро една година.
Во меѓувреме, Севe си најде ново момче со кое го помина целото лето, а очигледно наскоро планираат да живеат заедно.
Извор близок до пејачката вели дека поминува многу време на Граберје Ивановачки, каде што Томислав има имот и винарија, како и дека патувале заедно ова лето, а биле видени и на крстосување низ Јадранот.
https://www.instagram.com/p/CFULAAlplsY/?utm_source=ig_embed